11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Дупната гума на камион причина за пожaрите во Калифорнија, објави Си-Ен-Ен

Како што пренесува Си-Ен-Ен, дупната гума на камион додека се движел на автопат била причина за појавата на пожaрите во Калифорнија. Според информациите, на 23 јули на патот во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион, од чии искри настанал пожар.

Во пожарот, што американските медиуми го нарекоа „Кар“ досега животот го загубија седум лица, меѓу кои има и пожарникари. Последната жртва е работник во електродистрибуција, пренесе Ројтерс, додавајќи дека засега не се познати детаљите.

Во меѓувреме, уште неколку илјади жители на планинските предели се евакуирани поради најголемите шумски пожари на северот од Калифорнија, додека уморните пожарникари се борат со ветерот кој им ја отежнува работата.

Пожарот во комплексот Мендосино во петокот дополнително доби на интензитет, уништувајќи над 62.000 хектри, што е половина од Лос Анџелес. Огнот натера 16.000 жители да побегнат од домовите.

Со пожарите во Калифорнија се борат пожарникари од 16 американски сојузни држави.

Спонзорирано: