9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Питон нападнал и изел гулаб среде Лондон

Во Лондон неодамна била регистрирана неверојатна сцена. Имено, граѓаните имале можност да видат како змија јаде гулаб на една од градските улици.

Фотографијата која беше објавена на социјалните мрежи, веднаш привлече големо внимание.

Дневниот весник „Ивнинг стандард“ објави дека минувачите само отстрана гледале и дозволиле питонот да го изеде гулабот.

Портпаролка од организација за заштита на животните, која била повикана на самото место, рекла дека не верува оти змијата случајно се нашла на улица.

Змијата била однесена во блискиот центар за диви животни, каде се врши нејзина проценка.

Ребека Бенсон, која работи како инспектор, изјавила дека сака да дознае како точно змијата се нашла во таква ситуација.

„Кога завршила на толку прометна улица значи дека нешто ѝ се случило. Можела да биде прегазена од автомобил или да биде нападната од друго животно“.

„Веројатно се работи за побегнат домашен миленик, или што е уште позагрижувачки, можеби некој едноставно ја оставил на улица“, рекла таа.

Спонзорирано: