18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Компанијата „Фереро“ бара дегустатори на „нутела“ и „киндер“ чоколади

Компанијата „Фереро“ неодамна распиша конкурс за отворени работни места, преку кој бара 60 дегустатори.

Од кандидатите се очекува да ги пробуваат производите на оваа компанија, меѓу кои се и кремот „нутела“, чоколадните топчиња „фереро“, чоколадите „киндер“ и бонбоните „тик так“.

Вработените на овие позиции ќе мора да се преселат во италијанскиот град Алба, каде што се наоѓа седиштето на компанијата, пренесува „Дејли мејл“.

Работата започнува од септември годинава, а избраните кандидати ќе учествуваат во платена програма за обука во времетраење од три месеци.

Во овој период, тие ќе бидат запознаени со производите и нивните својства, а ќе научат и техники за нивно тестирање.

Откако обуката ќе заврши, најдобрите 20 ќе добијат работа, која од нив ќе бара да работат околу два часа, два дена во неделата.

Огласот за работа е објавен на италијански јазик, што значи дека се очекува кандидатите да го познаваат овој јазик.

Други услови кои кандидатите мора да ги исполнат е да знаат да користат компјутер и да немаат никакви алергии.

Оваа несомнено ќе израдува многу љубители на слатки, кои ваквата позиција сигурно ја сметаат за работа од соништата.