9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чешки турист во Египет загинал при напад на ајкула

Чешки турист бил убиен од ајкула во водите во близина на египетско одморалиште на Црвеното Море, објавија локалните власти.

Инцидентот се случил во четвртокот, 20 километри северно од Марса Алам, популарна нуркачка точка, каде што има ајкули, соопштил портпаролот, Атеф Вагди.

Локалните медиуми претходно објавија дека делови од телото биле пронајдени на плажа во Марса Алам.

Чешката амбасада во Египет и египетското Министерство за здравство соработуваат со цел телото во најбрз можен рок да му биде предадено на семејството, додаде Вагди.

Во 2015 година германска туристка загина од напад на ајкула во речиси истиот дел од Црвеното Море. Уште една Германка смртно настрадала во 2010 година, а во годините наназад четири туристи биле тешко повредени во напади на ајкули долж брегот на Шарм ел Шеик, најпопуларното египетско летувалиште.

Спонзорирано: