17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна хеликоптер, многу мртви (видео)

Сите 18 патници во руски хеликоптер загинаа утрово кога леталото се урнало на северот од Сибир, по судирот со друг хеликоптер, објави руското Министерство за транспорт.

Хеликоптерот „ми-8“, со тројца членови на екипажот и 15 мажи кои патувале на работа на нафтена платформа, се урнал кратко по полетувањето, откако удрил во опрема за транспорт на материјали закачена за друго летало. Вториот хеликоптер се приземјил без проблеми.

Несреќата се случила во близина на фабриката „Ванкор“ со која управува националната компанија „Роснјефт“, во северниот дел на Краснојарск.

Во меѓувреме, руските медиуми објавија видео од местото на несреќата.

Спонзорирано: