11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Критичар на комунизмот во Кина исчезна откако полицијата упаднала во неговиот стан

Угледен кинески интелектуалец и критичар на комунистичкиот режим исчезнал и е недостапен откако вооружени сили се инфилтрирале во неговиот стан, прекинувајќи го интервјуто што тој го давал за американска телевизија.

Пензионираниот универзитетски професор Сун Венгуан, на возраст од 80 години, давал интервју за станицата на медиумската мрежа „Глас на Америка“ (VOA), финансирана од владата на САД, при што властите упаднале во неговиот дом во Жинан, на истокот од Кина.

„Полицијата дојде да ме затвори“, извика Сун, притоа набројувајќи осуммина членови на силите за безбедност. Сето тоа се слуша на аудиоснимка која беше емитувана во средата.

Пред да се прекине снимањето, се слуша неговиот глас, кога тој им се обраќа на полицајците: „Вие сте тука нелегално! Имам право на слобода на говор!“

Според критичарите на влаастите во Кина, инцидентот покажува дека за пет години откако на власт дојде претседателот Кси Џинпинг, се зајакнала репресијата врз активистите за човекови права, а дури и најмала критика за Комунистичката партија безмилосно се цензурира и задушува.

Спонзорирано: