13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Чувајте го својот црн дроб: Еве што го уништува, а што го обновува

Црниот дроб е чистач на нашиот организам. Познат е и како „тивок орган“ бидејќи не се буни, но еднаш кога ќе го „отруеме“, се случува хаос во организмот. Според „Ljepota i zdravlje“ ова се првите симптоми кои укажуваат дека вашиот црн дроб е оптеретен:

– хроничен замор – депресија – чести главоболки – несоница – промена на расположението

Се наведува дека до тоа доаѓа ако претерано и зачестено консумирате брза храна, масна и пржена.

Храната како што се пржени компирчиња, чипс, крофни, уштипци, поточно, храната која има многу масти премногу го оптеретува црниот дроб. Таа храна содржи липидни пероксиди кои ги оштетуваат клетките на црниот дроб.

Тука се вбројува и претерано консумирање на кафе кое штети на црниот дроб кај постарите лица. Во тоа се придружува и намалената функција на бубрезите, така што на постарите лица не им се препорачува консумирање повеќе кафиња на ден.

Алкохолот се разградува во црниот дроб, а неговата неумерена количина доведува до разни оштетувања, меѓу кои и оштетувања на мозокот, панкреасот и целиот нервен систем. Токсичното влијание на алкохолот врз црниот дроб вклучува и насобирање масти, можност на појава на хепатитис и цироза на црнот дроб.

Цигарите имаат мноштво токсични состојки во себе, кои доаѓаат во крвта на пушачите и оваа задача за црниот дроб е тешка.

Трагите од пестициди во храната се насобираат во црниот дроб и можат да предизвикаат хронични заболувања. Исто така, разноразни видови лекови лошо влијаат на црниот дроб.

Ако сакате да го исчистите црниот дроб, ви препорачуваме што повеќе да ги консумирате следниве намирници:

– артичока – лук – јаболка – крушки – зелен зеленчук

Спонзорирано: