18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снемало струја за време на гласањето на Мадуро за лидер на социјалистите

На годишниот собир на венецуелските социјалисти, токму кога членовите почнале да гласаат за Николас Мадуро и да го изберат за лидер на партијата, снемало струја. Тоа се случило во моментот кога Диосдадо Кабело ги повикал членовите да го поддржат Мадуро за да се зајакне партијата, ја подигнал раката и го побарал тоа и од другите. Во истиот момент снемало струја. Исто така се прекинал и телевизискиот пренос.

Тоа траело 20 минути, кога се вратила струјата и продолжил преносот. Мадуро го нарекол чинот – саботажа, но не понудил никакви докази за тоа, освен дека струја не снемало во останатиот дел од хотелот.