18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Калифорнија гори: Расте бројот на жртвите

Најмалку шест лица загинаа, а седум се водат како исчезнати во шумските пожари што ја погодија Калифорнија.

Меѓу настраданите се и двајца пожарникари и четворица цивили, меѓу кои и две деца и нивната баба.

Повеќе од 800 куќи и 300 згради изгореа, а 37 000 луѓе беа евакуирани од градот Рединг и неговата околина, каде што пожарот зафати 42 000 хектари.

Во Калифорнија има 17 пожари, а во борбата со огнената стихија биле ангажирани речиси 36 000 пожарникари, извести „Ројтерс“.

Тие велат дека успеале да го намалат обемот на пожарот за околу 23 проценти, благодарение на ветровите со помал интензитет.

Според федералните податоци, во шумските пожари годинава изгореа 4,6 милиони хектари шума, главно во западниот дел на САД, што е за 24 проценти повеќе од просекот за истиот период во изминатата деценија.