25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бомбашот од Манчестер бил спасен од Триполи од кралската морнарица

Бомбашот самоубиец, Салман Абеди, кој минатата година уби 22 луѓе за време на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, три години пред нападот, бил спасен од цивилната војна во Либија од страна на кралската морнарица, објави „Скај њуз“. Абеди детонираше домашно направена бомба во фоајето од Манчестер арената, додека се одржуваше концертот, на кој меѓу присутните поголем дел беа деца.

Деветнаесет луѓе починаа на самото место, додека три лица беа итно пренесени во болница каде по кратко време починаа. Повеќе од 200 луѓе беа повредени.

Сега е откриено дека во 2014 година, Абеди, неговиот брат Хашем и околу 100 други британски граѓани биле евакуирани од Триполи, кога безбедносната состојба во Либија се влошила. Тие прво биле пренесени во Малта, пред да се вратат во Велика Британија. Според податоците до кои дошла британската влада, името на Абеди било на листата на заглавени граѓани во Триполи, кои биле предадени на екипажот задолжен за евакуација.

Хашем Абеди моментално е во затвор во Либија, а британската влада побара негова екстрадиција за да му се суди за вмешаност во нападот во Манчестер.