11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Америка со страшно предупредување за оваа балканска земја: Можни напади, има мински полиња

Опасност од терористички напади, мински полиња и експлозивни средства останати од војната, етничко насилство како и опасни, слабо одржувани улици и сиромаштија…

Ова се главните предупредувања на веб-страниците на министерствата за надворешни работи на многу земји кога станува збор за патување во БиХ, според босанскиот „Независен весник“.

Додуша, многу земји ја исфрлија опасноста од тероризам од нивните страници за предупредување, но тоа сé уште не го сториле Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

Така, Стејт департментот ги советува своите граѓани да бидат постојано претпазливи кога станува збор за опасноста од тероризам и мински полиња.