24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Швајцарија ќе гради автопатишта на два ката

Швајцарија, со цел да ги реши проблемите со застојот во сообраќајот, има намера да изгради автопатишта на два ката.

Проектот за двокатни патишта, какви што веќе има во азиските земји, е одобрен од владата. Бројот на часови поминати во сообраќајниот метеж во Швајцарија постојано расте, па владата одлучи да го реши овој проблем.

Според пресметките, Швајцарците стоеле на автопатиштата околу 26 000 часа поради метеж.

Реакциите на објавата се поделени бидејќи Зелените одбиваат двокатни автопатишта обвинувајќи го Јирг Ретлисбергер, раководителот на Сојузната сообраќајна служба, дека „има повеќе бензин во крвта отколку иднина во главата”.

Зелените веруваат дека двокатните патишта се погрешна инвестиција, која е спротивна на Парискиот договор за борба против климатските промени.

Сепак, Здружението на увозници на автомобили вели дека Швајцарија одамна има потреба од двокатни патишта. Тие истакнуваат дека таквите автопатишта се решение за проблемот со метежот.

Од Здружението посочуваат дека горниот кат може да биде експресен автопат со помалку излези и влезови, а долниот да го користат камиони.