10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Почна изградбата на хрватскиот проект на векот, БиХ најавуваат тужба

Денес почна изградбата на мостот на Пелешац, на чија изградба се противеа пред сè бошњачките политичари во БиХ, кои бараа да се запре изградбата додека да се воспостави граничната линија на морето и се овозможи пристап на БиХ до отворено море.

Локалните медиуми во БиХ пренесоа дека претседателот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, би можел да поднесе тужба против Хрватска во Меѓународниот суд за право на морето во Хамбург – иако до понеделникот тој воопшто не се огласи, пренесува „Хина“.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија со 357 милиони евра, односно со 85 проценти од прифатливите трошоци.

Вкупната вредност на проектот надминува 526 милиони евра, од кои прифатливите трошоци се нешто повисоки од 420 милиони евра.

Спонзорирано: