10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Целосно сме посветени на имплементација на преземените обврски

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Осман, oствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. Тема на разговор беа активностите кои ѝ претстојат на државава во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, за новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција, за поддршката од страна на Кралството Холандија за нашите европски интеграции, како и за други актуелни теми.

„Работиме интензивно на подготовките на тимот и структурата за почеток на преговорите, притоа задржувајќи го фокусот на Владата кон реформите со кои во наредниот период ќе испорачаме конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите други клучни области”- подвлече Османи.

Во продолжение, Османи го информираше амбасадорот за текот на подготовките за претстојниот референдум, како и создавањето поддршка за имплементација на преземените обврски од меѓународните договори, особено за имплементација на Договорот за решавање на меѓусебниот спор со Грција.

„Имаме јасни европски и евро-атлантски перспективи, и како Влада сме целосно посветени на имплементација на преземените обврски, со цел заокружување на процесот на европски и евро-атлантски интеграции“, истакна Османи посочувајќи притоа дека на тој пат очекува да продолжи искрената поддршка од страна на Кралството Холандија.