15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вечерва невреме ја погоди Македонија – еве каде ситуацијата е најкритична

Попладнево на повеќе места во источните делови од земјава имаше нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Поинтензивна нестабилност со пообилен пороен дожд и грмежи имаше во регионот на Радовиш и Конче.Според радарските слики добиени од Р.Ц. Тополчани, во овие делови можно е да има и појава на ситен град. Нестабилноста се двжеше од североисток кон југозапад, и ги зафати Неготино и Кавадарци.

Доцна попладнево нестабилно е во регионот на Крива Паланка, Кратово, Македонска Каменица и Пробиштип, како и Валандовско и западно од Гевгелија и во планинскиот дел каде имаше пороен дожд и грмежи. Формирана е линија на нестабилност која се протегаше од Крива Паланка, Македонска Каменица, западно од Делчево и југозападно од Берово, и во оваа облачна маса имаше и поинтензивни облачни јадра кои даваа пообилен пороен дожд и грмежи. Облачната маса се движеше кон централните делови од земјава.

До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи сончево време со умерена облачност,а на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и пообилен краткотраен пороен дожд во планинските предели. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Во текот а ноќта ќе настапи стабилизирање на времето и ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен северен ветер.