17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев упати сочуство до семејството на починатиот пејач: Загубата е заедничка, неговите музички дела се вечни

Премиерот Зоран Заев, за загубата на легендарниот музички уметник, Оливер Драгојевиќ, упати телеграма со сочувство од име на Владата и од негово лично име до граѓаните на Република Хрватска, до Владата во Хрватска, до хрватската амбасада во земјава, до неговите обожаватели ширум регионот и светот.

„Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело.

Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојевиќ“, напиша Заев во телеграмата со сочувство упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.