8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Голем пожар во Калифорнија, прогласена вонредна состојба

Пожар со голема брзина се шири во Калифорнија. Над 3.000 жители од планинските села мораа да ги напуштат своите домови. Уапсено е едно лице за предизвикување на пожарите.

Гувернерот Џери Браун прогласи вонредна состојба во областите Шаста и Риверсајд поради пожарите. Температурата е над 37 Целзиусови степени, а силните ветрови и ниската влага се дополнителен проблем.

Со еден од петте главни пожари во Кранстон, кој опфати околу 1.900 хектари, се борат речиси 7.000 пожарникари. Во пожарот што започна минатата среда изгореа пет дома и принудија илјадници жители да ги напуштат своите домови во областа Идилвилд.

Според надлежните, огнената стихија во Кранстон е предизвикана од човечки фактор. 32-годишниот Брендон Н. Мекгловер од Темекула е уапсен поради предизвикување на пожарот, како и на неколку други пожари претходните денови во југозападниот округ Риверсајд.