14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДИЖС: Загадувањето од печката во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности

Државниот инспекторат за животна средина утврди дека загадувањето од печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности. При денешниот увид било утврдено дека раководството на „Дрисла“ извршило мерење на загадувачките супстанции во воздухот од печката.

„Беше констатирано дека ‘Дрисла’ има извршено мерење на загадувачките супстанции во воздухот од печката за согорување медицински отпад од страна на акредитирана лабораторија, и тоа на 31 мај и на 20 јуни. По добиените резултати, од извештаите од мерењата на параметрите – јаглерод моноксид, јаглероден диоксид, азотни оксиди, сулфурен диоксид, е утврдено дека емисиите не ги надминуваат просечните вредности“, соопштија од инспекторатот.

„Дрисла“ на почетокот на годинава беше казнета со 8.500 евра за непочитување на протоколите и за горењето медицински отпад. Пред три месеци беше пуштен во употреба новиот филтер на печката за согорување медицински отпад кој ги апсорбира ПМ 10-честичките, јаглеродниот моноксид и другите честици што се ослободуваат при согорувањето. Пред седум месеци, пак, скопското Обвинителство по допрен глас отвори истрага против „Дрисла“ за кривично дело загадување на животната средина и природата од чл. 218 од Кривичниот законик.

Спонзорирано: