Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшно невреме ја погоди Грција: По пожарите и земјотресите ситуацијата хаотична

По катастрофалните пожари и неколку земјотреси, Грција ја погодија поројни дождови, особено во предградијата на Атина, објавија локалните медиуми.

Според извештајот, бурата била многу силна во населбите Маруса и Халандри, и имало толку многу дожд што на еден паркинг се формирал базен.

Спасувачките екипи во рок од неколку минути добиле дури 140 повици за помош, а поважните патишта и мостови се целосно блокирани.