22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Државните интереси да не бидат димна завеса што ќе го покрие масовниот грабеж

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испрати порака до власта да не ги користи државните и националните интереси како димна завеса со која што ќе се покрие масовниот грабеж кој во моментов го спроведува.

„Не смее да се менува името и Уставот на државата само за да се украдат стотици милиони евра, како што гледаме деновиве дека се случува. Народот сфати дека виткањето кичма е утринска гимнастика на Зоран Заев за да биде подготвен за прифаќање на сите грчки црвени линии наведени во таканаречената Спогодба со Хеленската Република. Граѓаните ја сфатија играта и преземените обврски на Заев за обезличување на македонската посебност со губење на историјата и идентитетот, преку обезличување на секоја државна институција што се именува како македонска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму се додава дека тоа што Македонија ја влече во темното минато се криминалот и наместените милионски тендери на сметка на економското девастирање на државата и граѓаните, што, како што тврди опозицијата, е препознатлив стил при секое владеење на СДСМ.