24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Врие во ВМРО ДПМНЕ – еве што се случува во опозициската партија

Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ бара Христијан Мицкоски да даде оставка и да се свика вонреден конгрес. „По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ, сега е вистински и последен момент наметнатиот лидер Мицкоски да поднесе оставка, а партијата да свика вонреден партиски конгрес“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

Според нив, итно е потребно Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, како највисок партиски орган, да донесе конгресна одлука со која ќе се определи дали ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе функционира како „злосторничко криминално здружение исклучиво за потребите и интересите на соборениот диктатор Груевски и неговата криминална „фамилија“ или во иднина ќе дејствува како современа демократска и патриотска политичка партија“.

„Последиците од едното или другото ги знаат сите искрени и чесни членови, симпатизери и приврзаници на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството. 12-та година партијата и членството се заложници на непартиски и криминализирани структури. Што побрзо Мицкоски поднесе оставка и се одржи вонреден конгрес последиците по државата и партијата ќе бидат помали. Членството на партијата, мора строго да ја почитува партиската доктрина која јасно и децидно истакнува дека: „значењето на татковината е огромно. ВМРО-ДПМНЕ е против општество во кое „владее егоизмот на интереси“. Без нација и национална свест нема еманципација од последиците на егоизмот. За ВМРО-ДПМНЕ човечка и национална обврска е да се негува сè што е изворно и ни припаѓа нам, нашиот јазик, нашите обичаи, нашите песни, нашата историја, нашата илјадагодишна традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност”, се вели во соопштението.

Тие бараат од Мицкоски да престане да купува време, да одработува за туѓи криминални интереси и да ја срами партијата и итно да поднесе оставка, бидејќи неговата епизодна неславна улога заврши вчера. „Ден порано, ден подобро за сите нас“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

Спонзорирано: