17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка во Македонија – десетици повредени

На магистралниот пат Велес- Штип, кај село Мамутчево, вчера околу 13,30 часот се случила сообраќајна незгода меѓу автобус со штипски регистерски таблици управуван од 54- годишниот Б.А од Велес и товарно моторно возило „Сканија“ со скопски регистерски таблици управувано од 31- годишниот М.Ј од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 21 патник (од автобусот), а сообраќајот бил во прекин од 13,40 до 15,10 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.