16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР го соопшти идентитетот на починатите во трагичната сообраќајна несреќа

На 22.07.2018 година околу 11,45 часот во с.Романовце-кумановско на обележан железнички премин со поставени сообраќајни знаци, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија удрил во патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б.(52) во кое како сопатници биле С.Б.(48), З.Б.(79) и И.Б.(43), сите од с.Арачиново-скопско.

Во незгодата на местото на настанот починале возачот Н.Б., С.Б. и З.Б. додека И.Б. успеал да излезе од возилото и не се здобил со повреди. Од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 17,25 часот односно до завршување на увидот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на ЈО телата на настраданите се предадени на семејството за погреб. Се работи на целосно расчистување на случајот.