14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Приходите на „Мајкрософт“ скокнаа повеќе од 17 отсто

„Мајкрософт“ во минатото тромесечје оствари приходи од 30 милијарди американски долари, што е за 17,5 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Според извештаите, чистата добивка на „Мајкрософт“ во вториот квартал годинава достигна 8,87 милијарди долари, додека лани изнесуваше 8,07 милијарди.

Приходите на фирмите во одделението за продуктивност и работни процеси, што го вклучуваат Office 365, пораснаа за 31,1 отсто, на 9,67 милијарди американски долари.