11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим поради велосипедска трка во Илинден

По повод денот на општина Илинден, денеска во периодот од од 15.30 до 19.30 часот ќе се одржи велосипедска трка со една траса којашто ќе се однесува на учесници рекреативци и друга траса за професионални велосипедисти.

МВР соопшти дека поради настанот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.

„Со почеток од 15,30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“(во населбата Илинден) потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“. Трасата пак на велосипедска трка за професионалци чиишто почеток е закажан за 16,00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозник во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“. Трката ќе заврши околу 19,30 часот“, соопшти Министерството.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите каде што ќе се движат натпреварувачите.