7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија ги укинува тестовите за возачка на турски јазик

Кандидатите за возачка дозвола во Австрија наскоро нема да може да го полагаат теоретскиот дел на турски јазик, изјави австрискиот министер за сообраќај Норберт Хофер, кој оваа одлука ја оправда со загриженоста за процесот на интеграција на странците.

Од 299 687 испити за возачка дозвола минатата година, 3 631 бил на турски јазик. Во Австрија живеат околу 360 000 лица со турско потекло, од кои 117 000 со турско државјанство.

Хофер рекол дека мерката ќе стапи на сила од следната година. Тој навел дека на тој начин ќе бидат заштедени и пари затоа што секој дополнителен странски јазик подразбира трошоци кои тој ги смета за неоправдани.

„Испитите на турски јазик беа воведени во 1998 година и се засноваа на добрата волја на австриските власти“, рекол Хофер и додал дека познавањето на германскиот јазик е еден од клучните услови за интеграција на странските државјани.