14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нухоџиќ: Црна гора по членството во НАТО почуствува бенефит

„Ние како 29 членка на НАТО со нашето искуство можеме да помогнеме. Членството во НАТО навистина носи бенефиции. Интегрирањето на земјите од Балканот во НАТО е прилог кон безбеден Балкан, прилог за регионалната безбедност.

Црна Гора по членството во НАТО почувствува бенефит. Денеска имаме поголеми инвестиции отколку што имавме пред членството во НАТО. Безбедноста е и важен економски ресурс. Ако не сте безбедни, не сака никој да вложува. Да гради, да инвестира и земјата не може да напредува. Ние денеска имаме и зголемување на бројот на туристи. Минатата година имавме околу два милиони туристи кои ја посетија Црна Гора, а оваа година очекуваме три милиони. Затоа, мислам дека вашиот пат во НАТО е пат кон подобро и за развој и просперитет на Македонија“, рече Мевљудин Нухоџиќ.

Спонзорирано: