9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не излегува од матрицата на поделби и сака да ја закочи македонската иднина

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста, реагираат од СДСМ на соопштението од опозициската партија.

Оттаму уште еденаш го потенцираат својот став дека постигнатиот договор за 25-годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.

„Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврзани. Ако не беше така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ со години преговараше за изнаоѓање решение за 25-годишниот спор?“, јавно прашуваат од владејачката партија.

Додаваат и дека очигледно е оти ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на поделби, изолација и конфликти и затоа на секаков начин се обидува да ја закочи македонската иднина.

„Владата предводена од СДСМ има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината. Никој нема да да им го ускрати правото на граѓаните на реферндум, слободно да одлучат за сопствената иднина. Македонија оди напред и нема да биде заложник на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на референдум ќе кажат ‘да’ за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ‘да’ за македонската иднина“, се наведува во партиското соопштение.

Спонзорирано: