20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Рајанер“ откажа 600 летови поради штрајк

Ирската нискобуџетна компанија „Рајанер“ откажа 600 летови во Европа што се закажани за следната недела поради штрајк на кабинскиот персонал.

Според најавите, ќе штрајкуваат вработените во Шпанија, Португалија и Белгија, што ќе влијае на 100 000 патници за два дена.

„Ќе бидат откажани околу 200 летови по ден за Шпанија, а по 50 за Португалија и за Белгија“, соопштиле од „Рајанер“.

Се работи за 300 летови дневно, односно 600 за два дена, потврдил портпаролот на компанијата. На штрајкот повикале пет синдикати. Бараат компанијата да ги спроведува законите во земјите во кои дејствуваат и да применуваат исти услови за вработените.

Спонзорирано: