14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Искористете го сонцето: Уште два дена топло, а потоа пороен дожд, грмежи и пониски температури

Времето утре ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 25 до 36 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и значително потопло време. Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.