25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во скопска пекара: Почина маж на лице место

Трагедија се случи вчера во скопска пекара, почина маж додека пренесувал печка. Како што информираат од МВР, вчера околу 9:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.