20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев непринципиелно ги поистоветува НАТО и ЕУ со промена на уставното име

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира дека однесувањето на премиерот Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно.

„Зоран Заев не само што не го интересира одбраната на националните интереси и мислењето на народот туку не го интересира ниту заштитата на македонските светости за кои се жртвувале преотходните генерации. Зоран Заев не го интересира ниту која држава ќе им ја остави на идните генерации, а се колнеше во нив“, се вели во соопштението.

Опозицијата додава дека Заев и владејачкото мнозинство своеволно и свесно ги кршат Уставот, законите и процедурите со цел по секоја цена да се спроведе капитулантскиот договор за промена на името.

„Заев непринципиелно го поистоветува влезот на државата во НАТО и ЕУ со промена на уставното име, иако од самите институции му е укажано дека всушност се потребни вистински реформи.
СДСМ ги злоупотребува евро-атланските аспирации на Република Македонија за протнување на своите капитулантски политики барајќи начин како да ги заобиколи сите кои размислуваат спротивно“, смета ВМРО-ДПМНЕ.