6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Утре без струја неколку делови од Скопје

„ЕВН Македонија“ соопшти дека за утре се планирани исклучувања во електросистемот во неколку скопски населби.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од зграда бр. 5 на улицата Шекспирова, во општина Карпош.

Во периодот од 12 до 14 часот корисниците од место викано Чардак и дел од село Бразда во Чучер-Сандево.

Во периодот од 8:30 до 16:30 часот, како што соопшти ЕВН, исклучувања ќе има кај корисниците од дел од улицата Христо Татарчев околу новиот кружен тек на последната постојка на автобусот 24 во општината Кисела Вода.

Во периодот од 5 часот до 10:30 часот корисниците од дел од село Шишево во реонот на викендилките во Сарај, а од 9 до 14 ч. часот корисниците од дел од село Шишево – од селото до мостот.

Спонзорирано: