9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени девет тела под рушевините на зградите што се срушија во Индија

Во рушевините на двете повеќекатни згради во Индија, во селото Шахбери источно од Њу Делхи, пронајдени се девет тела, истакнаа индиските официјални лица.

Шесткатната зграда во изградба и соседната зграда што се срушија се наоѓаат на 40 километри од индискиот главен град. Се очекува расчистувањето да заврши денеска.

До несреќата дојде вчера кога објектот во фаза на изградба се сруши врз соседната зграда.

Сопственикот на шесткатната зграда и двајцата негови соработници се уапсени и ќе бидат обвинети за убиство од небрежност.

Причината за рушењето засега не е позната.

Спонзорирано: