20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Риба од 230 килограми проголтала ајкула и ги шокирала рибарите (Видео)

Постои причина зошто рибата Голиат ја нарекуваат морски чистач. Овие риби јадат сè пред себе, а како што прикажува следната снимка изгледа дека јадат и ајкули.

Група рибари имале прилика да снимат ретка ситуација – како оваа голема риба се храни.

Еден рибар уловил ајкула долга речиси еден метар, а кога почнал да ја влече, забележал како се приближува голема црна сенка.

Рибарот ги повикал своите пријатели да следат што ќе се случува, а во тој момент џиновска риба Голиат буквално ја проголтала ајкулата.