18.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пронајден брод полн со злато вредно 100 милијарди фунти, еве каде се наоѓа! (Видео)

Руски воен брод, потопен пред 113 години, откриен е во близина на брегот на Јужна Кореја, а истражувачите веруваат дека на него се наоѓа злато вредно повеќе од 100 милијарди фунти.

Крстосувачот на руската Царска морнарица, Димитриј Донски, потопен е во битка со Јапонците во 1905 година, а остатоците се најдени само километар од брегот на јужнокорејскиот остров Улиенгдо, на длабочина од околу 500 метри.

Бродот го нашле истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада, а со помош на мала подморница ги снимиле топовите на палубата и сидрата, додека на бродот се уште читлив стои називот. Димитриј Донски е крстосувач со носивост од 6.000 тона.

Голем дел од руската царска флота бил потопен во битката, а Димитриј Донски, кој носел околу 200 тона злато е потопен на 29 мај 1905, кога пловел кон Владивосток. Притоа загинале 60 од 591 членови на екипажот.

Компанијата Шинил има намера да го извади бродот во октомври, а веќе известила дека половина од најденото богатство ќе биде вратено на руската влада.

https://youtu.be/0F5ivQO0Iis