10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека последната одлука сепак е на народот којшто ќе одлучи за иднината на државата.

„Посебно младите луѓе треба да учествуваат на референдумот. Има земји како Велика Британија каде се носат некогаш одлуки кои не се во корист на младите. Треба да знаете дека секој глас е важен“, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Хан од Скопје го означи стартот на скрининг-процесот за почеток на преговорите со ЕУ. Тој во текот на денот ќе се сретне и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и со собранскиот спикер Талат Џафери. Двете средби ќе бидат во Собранието. По завршувањето, Хан заминува за Тирана.