17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија: Маж почина откако испи отров, таткото го нашол како лежи

Во 19,30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат 46-годишниот З.С. од селото Тремник–неготинско, кој околу 17,30 часот во семејната куќа испил одредена количина на отров.

Од страна на неговиот татко бил однесен во Итната медицинска помош во Неготино, но поради сериозноста на неговата здравствена состојба веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.