10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со чекор што не е виден од владејачка партија досега: Еве што направија со функцијата на градоначалникот кој беше уапсен минатата недела

Соопштение од СДСМ. Ви го пренесуваме интегрално.

Законот важи за сите граѓани на Република Македонија и секое негово непочитување подлежи на законски санкции. Почитувањето на законите и одговорна работа, исклучиво во интерес на граѓаните, се врвни заложби на СДСМ и вредности на партијата кои мора да се почитуваат од сите нејзини функционери.

Во СДСМ нема место за злоупотреби. Оние коишто не ги почитуваат вредностите и постапуваат спротивно од начелата на партијата нема дилеми, не може да бидат носители на функции.

Отуука, ја информираме јавноста дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно статутарните одредби на партијата го разреши Боро Стојчев од функција претседател на општинската организација на СДСМ од Ново Село.

На негово место, за претседател на општинска организација на СДСМ на Ново Село, именуван е Игор Пертемов. Законот важи за сите подеднакво и секој што го прекршил мора да понесе одговорност.

Спонзорирано: