3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите најавуваат пороен дожд и грмежи, еве од кога не очекува посвежо време

Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално се очекува да има поинтензивни процеси и во форма на невреме со појава на град, особено во западните и јужните делови.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 21 до 34 степени.

В среда и в четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер.

Потоа следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.

 

Спонзорирано: