14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ распали по ВМРО ДПМНЕ: Ова е жестоката порака

Од владејачката СДСМ порачуваат дека граѓаните ширум земјата го слават историскиот успех, бидејќи, како што велат, Македонија доби покана за членство во НАТО, а има датум за преговори со ЕУ.

„Додека граѓаните го слават успехот на Македонија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе маршираат во одбрана на криминалот, со транспаренти за амнестија.
Последиците од 11 годинишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се одразија врз граѓаните, ги осиромашија и задолжија, но и врз темелите на државата и нефункционирањето на институциите. Тоа граѓаните добро го знаат.

Сега Македонија оди напред, ниже победи и граби кон членство во НАТО и ЕУ. Доаѓа време на подобар живот за сите, време на безбедност, сигурност, стабилност, повеќе инвестиции и поголем раст на економијата.

Нема враќање назад во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во црното минато на криминал, корупција, меѓународна изолација, осиромашување и уништување на државата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија за криминал нема да има“, додаваат од СДСМ.