11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за пукањето во Тетово

Утринава околу 2 часот и 20 минути, во Полициската станица Тетово пријавено е пукање на улица „29 ноември“ и дека се повредени три лица. Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и јавен обвинител веднаш излегле на посоченото место и утврдиле дека со огнено оружје (пиштол), соопштуваат од МВР.

„Повредени се две лица 37-годишниот С.К и 36- годишниот С.К од Тетово. Првиот се здобил со прострелна рана во стомакот, а вториот во десната подколеница. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, пренсени се на скопските клиники. Покрај нив, со повреди на главата се задобил и 49-годишниот тетовец М.А, кој, исто така, итно е префрлен на скопските клиники“ се вели во соопштение од полицијата.

На местото на пукањето пронајден е пиштол „Зброевка“ со рамка со 8 куршуми, пет чаури, траги од крв и други траги кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење, како и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: