14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Им влегле во домот со автоматски пушки и нож, а синот го врзале

Двајца маскирани разбојници влегле со автоматски пушки и нож во домот на 59-годишниот С.М и ги ограбиле, информираа од МВР.

Сппред полицијата, вчера околу 05 часот и 20 минути било пријавено дека во Дебар на улицата „307“ во домот на 59- годишниот С.М, влегле неколку непознати маскирани лица, од кои двајца вооружени со автоматски пушки, а двајца со нож, по што го врзале неговиот син 21- годишниот Г.М и одзеле засега неутврдена сума на пари и злато.

Се работи на целосно расчистување на случајот.