11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Адеми ја повикува и дијаспората на прослави по повод поканата за НАТО

„По повод официјалната покана упатена до Република Македонија од Самитот на НАТО во Брисел, нашата земја да стане 30-та членка на НАТО, се остварува една од основните национални и државни стратешки интереси на нашата земја.

Се остварува сонот на многу генерации. Определбата за евроатланско интегрирање на Република Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција за влез на земјата во НАТО“, се вели во пораката на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Според него, прифаќајќи ја потребата од интензивни и суштински демократски реформи, како и фактот дека членството во НАТО, претставува недвојбена заложба за споделување на демократските вредности, цврсто бевме решени да ја реафирмираме меѓународната позиција на Република Македонија, да ги обновиме институциите и да се вратиме на основните демократски вредности засновано на добро управување и владеење на правото.

„Сигурни во нашата иднина со членство во НАТО и во ЕУ, јасно ја покажуваме нашата определба како држава за спроведување на темелни реформи внатре во државата, како и спроведувањето на конструктивна и одговорна надворешна политика. Несомнено, овa е заеднички успех на сите граѓани на Република Македонија, и на сите Вас кои живеете и творите во дијаспората. Голем дел од вас одигравте важна улога во целиот овој историски процес и успех. Ја одигра и нашата дијаспора во целиот свет, воспоставувајќи мостови за соработка со сите земји пријатели на Република Македонија.

Ја користам оваа свечена прилика за Република Македонија и упатената покана од НАТО до нашата земја, во Сабота, на 14 јули, 2018 година, да Ве повикам, сите заедно да се вклучиме и да го прославиме овој заеднички историски успех, како во градовите во нашата Република, така и во градовите во државите членки на НАТО но и пошироко, каде што живее нашата дијаспора, како заеднички успех дека конечно и нашата земја станува рамноправна членка во големото семејство, рамо до рамо, со земјите со највисоки демократски и цивилизациски вредности на современиот свет. Македонија избира иднина. Македонија оди напред“, порачува Адеми.

Спонзорирано: