6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Некои луѓе јадат лубеница само ако ја посолат: Кога ќе дознаете зошто и вие ќе ја јадете вака

Ако досега не сте слушнале за овој трик, веруваме дека брзо ќе ни бидете благодарни. Самата помисла лубеницата да се посолува, многу луѓе остава во шок. Меѓутоа, слаткарката Никол Вестон од Лос Анџелес открила зошто ова е одлична комбинација.

„Признавам, бев скептична кога прв пат пробав посолена лубеница. Во тоа време мој пријател инсистираше да ја пробам тврдејќи дека така е уште послатка. Ја пробав и беше во право – навистина е подобра посолена“, напишала таа.

Имено, солта ја прави лубеницата послатка бидејќи креира солено сладок контраст и така овозможува слаткоста уште повеќе да дојде до израз. Лубеницата обично има суптилна слаткост бидејќи е полна со вода, за разлика од јагодите и друго овошје, кои имаат поконцентриран и интензивен вкус.

Потребно е сосема малку сол да ставите по цело парче лубеница. Ако ставите премногу сол, ќе ја уништите нејзината слаткост и ќе морате да посегнете по ново парче.

Спонзорирано: