17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Не е ни сода бикарбона, ни оцет: Со ова средство ќе го дезинфицирате станот, а чини само 30 денари

Сите знаеме дека хидрогенот е добар за дезинфекција на рани, но малкумина знаат дека може да биде корисен во одржување на куќата.

Трипроцентниот хидроген-пероксид е одличен за чистење на работни површини во кујната бидејќи ги убива бактериите, а не е штетен по здравјето.

Сунѓер или крпа натопете во хидроген или само пропрскајте со него. Можете да ја дезинфицирате и внатрешноста на фрижидерот, доволно е само да ги пребришете полиците.

Со хидроген-пероксид можете да одржувате и даска за сечкање. По употребата измијте ја и пропрскајте ја со хидроген.

Тој е добар и за повремено миење на машината за садови: неколку децилитри хидроген-пероксид ставете со детергент и ќе знаете дека е чиста и безбедна за користење.

Спонзорирано: