20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Најголем пад на цената на нафтата во последниве две години

Цената на нафтата доживеа најголем пад во последниве две години откако Либија соопшти дека ќе ги зголеми испораките, додека инвеститорите стравуваат дека трговските тензии ќе ја намалат побарувачката на овој енергенс.

Цената за барел брент нафта падна за 6,9 отсто и изнесува 73,4 долари, а барел сирова нафта во САД поевтини за 5 проценти и сега чини 70,38 долари.

Поевтинувањето следи после повеќемесечниот раст на цената до ниво кое беше највисоко во последниве неколку години.

Цената на овој енергенс стана нестабилна откако САД пред неколку недели најавија дека повторно ќе воведат санкции за Иран.

Спонзорирано: