3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Златен медал за Абдурахим Идризи на Светскиот Карате Куп, 1 Младинска лига во Умаг

Каратистот на Макпетрол Абдурахим Идризи (-55 кг), го освои златниот медал во светската Карате 1 Младинска лига во Умаг, Хрватска, во јуниорска конкуренција. Во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

Претходно Идризи забележа четири победи.

Резултати -55 кг

Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0

Финале

Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија) 7-2

Изјава од тренерот на К.К.Макпетрол, Бошко Заборски:

„Многу сум задоволен од настапот на нашиот млад каратист Абдурахим Идризи на Светскиот куп кој се одржа во Умаг, Хрватска. Идризи настапи во Јуниорска конкуренција во дисциплината борби во категорија (-55кг), тој забележа пет (5) последователни победи и заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација (ВКФ). Најубедливи се победите во полуфиналната и финалната борба кога тој буквалнио ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да рачуна Македонија во иднина.

Светскиот куп беше многу масовен со учество на 1874 натпреварувачи од 74 држави од целиот свет.“

Првите десет спортисти во категоријата -55 кг, од вкупно 39 пријавени натпреварувачи

Спонзорирано: