17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Тешка сообраќајка во Македонија: Удрил во метална ограда, па паднал од мост

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 17:10 часот на регионалниот пат Виница-Берово поточно на мостот на Ленишка река.

Како што информираат од МВР, патничко моторно возило „Дачија Дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од 26-годишниот Н.Б. од Виница поминало на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот.

Возачот Н.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: