4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ сподели супер вест за граѓаните

Владата за 50 отсто ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој и веќе се потпишани 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од околу 4,5 милиони евра.

Станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти предложени од општините и планските региони врз основа на нивните приоритети, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија.

Со влезот на Македонија во НАТО, како и со отпочнувањето преговори за членство во ЕУ, предвидено е дополнително зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој, преку отворање на нови фондови и развојни линии преку кои ќе се финансираат проекти во интерес на граѓаните особено во подрачјата со специфични развојни потреби и во руралните населени места.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој, економски раст, повеќе пари и квалитетни услови за живот за сите граѓани, соопшти владејачката партија.